Моден фокус // Трендови
Меган и Хари се одлучија за посвојување
Двојката веќе долго време размислува за оваа одлука
Меган Маркл и Принцот Хари имаат нов член во семејството, а тоа е куче лабрадор. Извор од кралскиот двор му открил на „Дејли мејл“ дека ова милениче ја дели адресата со најпознатата кралска двојка во светот веќе некое време. Имено, кучето, наводно, веќе ужива во својот нов дом од мај, кога двојката го кажа судбоносното „да".
Изворот објасни дека кучето ужива во палатата и честопати ја следи кралската двојка на бројни официјални патувања.
„Daily Mail“ додава дека една од причините зошто парот наводно се одлучи за нов член на семејството е она што Меган во САД имаше две кучиња, а не можеше да земе ниту едно со себе.