Меган Маркл го воодушеви светот: Го соблече скапоцениот капут од себе и изненади мајка со бебе во прегратките (ФОТО+ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Војвотката Меган Маркл и принцот Хари моментално престојуваат во Холандија, каде присуствуваат на игрите Invictus, а откако се прошетаа по жолтиот тепих, Меган својот капут го даде на една од сопругите на натпреварувачите за да го обвие своето новороденче.

Елегантната Меган за оваа пригода одбра бело сако, кое го искомбинира со бели панталони со висок струк од брендот Валентино, а комбинацијата ја надополни со популарниот капут на Макс Мара чија цена е 3.710 фунти и чевли „Aquazzura“ кои ги има носено и порано.

Поранешната кралска двојка на настанот пристигна во друштво на натпреварувачите меѓу кои и Фена Гуетес од холандскиот тим со сопругот Бертине Шурхуис, која во рацете ја држеше нивната ќерка Ливија. Без многу размислување, Меган го обви капутот околу девојчето за да не му биде ладно.

View this post on Instagram

A post shared by Harry and Meg (@the_harry_meg_corner)

View this post on Instagram

A post shared by  (@cam__mood)


За потсетување, пред доаѓањето во Хаг, Меган и Хари во четвртокот се сретнаа со кралицата Елизабета, кажа неговиот потпарол, откако весникот „Сан“ пишуваше за посетата.

фото: Принтскрин / Инстаграм