Меган Маркл има посебна желба за венчавката: Дали и кој ќе и ја исполни?

Добивај вести на Viber

Уште месец и пол остана до венчавката на која Меган Маркл ќе му се заколне на вечна љубов на принцот Хари. Тој воедно е и прва личност од семејството на кој му е дозволено да се ожени со разведена жена.

Меган изразила и желба за свадбата да има жена која ќе и го дизајнира цвеќето, а изборот паднал на Филипа Кредок. Таа истакнала дека невестата имала посебни барања кога се работи за аранжманите.


Идната невеста сакала само сезонско цвеќе и тоа најмногу божури, но и бели ружи.

Во цветните декорации на Филипа и е дозволено да користи и гранчиња за букви, бреза и слично бидејќи тие растат во околината на дворецот.

Додека медиумите пишувале дека има прилично барања, Кредок вели дека тоа е далеку од вистина.

-Соработката со идниот брачен пар е вистинско задоволство и голема чест. Многу се забавни, креативни, едноставни и подготвени за соработка-вели Кредок.