Меган Маркл позира во топ модни изданија: Три парчиња облека кои се чиста класа и секоја жена со стил треба да ги има во својот гардеробер

Добивај вести на Viber

Фото: youtube printscreen/ Meghan Markle on Dealing With Negative Press During Pregnancy | Harry & Meghan: An African Journey / ITV

Додека целиот свет зборува за експлозивното интервју кое Меган Маркл го даде за магазинот „The Cut“ во кое јасно покажа анимозитет кон британското кралско семејство, нејзините совршени модни комбинации во кои позираше за уредничките потреби на споменатото издание паднаа во втор план.

Војвотката од Сасекс уште еднаш нè воодушеви со нејзиниот софистициран стил и посветеност на класиката, па позираше во три исклучително едноставни, но моќни изданија.

Посебно ни се допадна снежно белиот костум кој навистина фантастично ѝ прилега на познатата 41-годишна дама, а таа избра онаков со широки панталони и асиметрично, малку подолго сако. Меган остана верна на минимализмот, па изданието го комплетираше само со бели салонки, а се одлучи и за дискретна шминка и права, пуштена коса.


Секако, Меган во овој едиторијал имаше помош од стилистката Џесика Вилис, но таа откри дека ставила свој печат на стајлингот и дека можеме да ја видиме во сите овие парчиња дури и кога камерите се исклучени.

Таа блесна и во елегантен, софистициран фустан на „Шанел“ од колекцијата есен 2022 година, што е најдобрата најава за трендот што нè очекува во наредните денови. Станува збор за тоалета од црно-бел твид, материјал карактеристичен за оваа модна куќа, „А“ крој и без раменици, кој може да се носи со кошула, ролка или џемпер во постудените денови.


Иако на фотографијата позира боса, Американката со фустанот носеше уште една класика од женската гардероба - црни апостолки од кожа со потпис на брендот „Manolo Blahnik“, а дизајнерката овој класичен модел на салонки во 2008-мата година го нарече по легендарната француска актерка Брижит Бардо. Меган го дополни ова префинето издание со бисерни обетки и ниска, елегантна пунџа.


На самиот крај, поранешната актерка нѝ понуди уште едно совршено издание, а сепак крајно едноставно и веќе видено – позираше во мал црн сатенски фустан со бисерно ланче околу вратот. Толку едноставно, а сепак толку прекрасно и навистина елегантно, нели?

Кое од овие изданија најмногу ви се допаѓа?

Извор: zena.blic.rs