Меган Маркл сака да се породи дома: Војвотката од Сасекс и принцот Хари донесоа важна одлука!

Фото насловна: Youtube/screenshoot

Американската актерка Меган Маркл (39), сопруга на британскиот принц Хари (36), сака да се породи дома во нивната вила во Калифорнија, вредна 14,7 милиони долари, објави „Дејли меил“ повикувајќи се на добро информиран извор близок до двојката.

Војвотката од Сасекс треба да се породи ова лето. Таа и принцот Хари веќе го имаат синот Арчи.

- Меган и Хари имаат прекрасна вила и заедно решија Меган да се породи дома - изјави извор кој сакаше да остане анонимен.

Двојката очекува девојче. Доколку Меган се породи  во САД, бебето автоматски ќе добие американско државјанство. Преку нејзиниот татко, малото девојче ќе има и британско државјанство. Во иднина, ако сака, може да се кандидира за претседател на Соединетите држави. Меган исто така планираше да и со Арчи да се породи дома во Велика Британија, но бебето се роди една недела пред датумот на породувањето.