Меѓународниот балкански универзитет прерасна во најголем приватен универзитет во земјава
Меѓународниот балкански универзитет стана најголем
приватен универзитет во земјава прераснувајќи во прв избор за студентите. Тоа
го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за академската
2020/2021 година, според кои со вкупно запишани 2024 студенти, МБУ има најмногу
студенти во споредба со другите приватни универзитети во државата.
„Довербата што ни е дадена од новозапишаните студенти е само потврда за она за кое се залагаме во нашата работа и вредностите кои ги зацврстуваме. МБУ е создаден на идејата да овозможи интернационализација на високото образование, да ги отвори вратите за мобилност и меѓународно образовно искуство за студентите, да создаде професионалци кои се конкурентни секаде и преку својот истакнат меѓународен карактер да ги пренесе глобалните знаења и искуства. Сето тоа е признаено како од новите, така и од веќе запишаните студенти. Заедно со нашите студенти продолжуваме да создаваме вредности кои на крајот се одразуваат со бројни предности не само за нашата држава, туку и за регионот и пошироко”, изјави Висар Рамадани, генерален секретар на МБУ.
Меѓународниот балкански универзитет оваа година прославува 15 години од основањето, а токму со овој јубилеј го трасира и патот за идниот развој на универзитетот, но и понатамошниот придонес како реномирана општествено-одговорна институција. Во оваа насока, МБУ неодамна доби акредитација за основање Факултет за дентална медицина и Висока медицинска школа, кои се очекува да почнат со работа во академската 2021/2022 година со нов објект во рамките на универзитетскиот кампус, со најсовремени лаборатории и професионален кадар кој на идните генерации ќе им понуди светски стандард на образование во медицинските и здравствени науки во Скопје. Дополнително, универзитетот оваа година ќе продолжи со инвестиции и ширење на кампусот со нов модерен студентски дом за преку 400 студенти.
ПР објава