Мекензи Безос не е најбогатата жена на светот, ја претрка друга наследничка
Мекензи Безос, поранешната сопруга на основачот на компанијата „Амазон“, Џеф Бесос ќе му даде 75 проценти од компанијата на својот поранешен маж.
Мекензи исто така се одрече од сите свои интереси во весникот „Вашингтон Пост“, објави таа на својот Твитер профил. Така за неа ќе остане околу 36 милијарди долари од заедничкото наследство. Тоа значи дека Мекензи, по разводот со Џеф сепак нема да биде најбогатата жена на светот.
Но, ќе биде во првите пет најбогати. Според „Форбс“, би можела да се најде на третото или на четвртото место.
Франсуаза Бетанкур-Меиерс е најбогатата со 52 милијарди, Алис Волтон втора со 45.4, Мекензи е на третото место, Џеклин Марс четврта со 25.9 милијарди, а Сузан Клатен петта со 20.8.
Франсуаза Бетанкур-Меиерс е најбогатата наследничка со 52 милијарди долари
Французинката Франсуаза Бетанкур-Меиерс е најбогатата жена на светот како наследничка на козметичкиот бренд „Лореал“. Таа милијардите ги населди по смртта на нејзината мајка во 2017 година.
Џеф и Мекензи беа во брак 25 години. За крајот на бракот беше пресудна љубовната врска на Џеф со 49 годишната Тв водителка Лорен Санџез, која наводно дури сега поднесе барање за развод од својот сопруг.