МЕЛАНИЈА КОМАНДУВА ВО БЕЛАТА КУЌА: Лидер од сенка со моќ и силни инстинкти- а Трамп нема приговор!

Добивај вести на Viber

Жената на Доналд Трамп има големо влијание на него и тој без приговори ја слуша. Словенката има одлични инстинкти и често го советува сопругот пишува во новата книга „Белата куќа на Трамп“: Промена на правилата на игра“.

Првата дама на САД Меланија Трамп (48) командува во Белата куќа, откриено е во новата книга спомената погоре. Во неа се истакнува дека Меланија има огромно влијание на својот сопруг Трамп, кој без приговори ја слуша. Словенката е многу остроумна, има одлични инстинкти, како и одлични организациони способности, така да го советува сопругот во врска со сите важни правила.

Лидер од сенка

Авторот на книгата, поранешен истражувачки новинар на „Вашингтон пост“ и голем пријател на Трампови Роналд Кеслчер наведува дека Меланија е исклучителна жена која има неверојатна моќ. Тој истакна дека поранешниот портпарол на Белата куќа Шон Спајсер му признал дека луѓето не се ни свесни колку првата дама има влијание на Доналд Трамп.


Моќ

Меланија ги повлекува сите конци и има страшно добро чувство за водење политика.

„Таа е исклучително моќна личност и вистински лидер од сенка. Ги повлекува сите конци и има страшно добро чувство за водење политика. Ја гледав како на состаноци длабоко размислува за одредени одлуки. За неа тоа не е само прашање дали нешто е добро или лошо, туку колку има смисла во одредена ситуација“, ги раскажува зборовите на Спајсер.

Како што се додава, Меланија често го советува Трамп како да се постави и што да каже во важни моменти.

„Меланија знае како да ги добие своите битки и во право е. Без разлика дали е во Овалната соба, претседателски авион или резиденција, таа одлично владее со ситуацијата. Знае како да го прочита Трамп. Некогаш му кажува: Ова не е добро за тебе. Тоа не е доследно и согласно со она што го кажа“, откриено е во книгата.


Инспиративна приказна

Се додава дека личната приказна на првата дама е многу инспиративна.

„Била имигрантка која слушнала за ова прекрасно место кое се вика Америка. Пораснала во Словенија, а дошла овде следејќи ги своите соништа. Создала успешна кариера, а потоа стана посветена мајка и сопруга. И покрај тоа , многу е скромна“, истакнала советничката во Белата куќа Келиен Конвејн.

Инаку книгата е една од ретките која фрла позитивно светло на брачниот пар Трамп. Најголeмо внимание досега предизвика книгата на новинарот Мајкл Волф „Оган и бес: Внатре во Белата куќа на Трамп“, каде авторот изнесува бројни скандалозни податоци за семејството кое владее со Америка.