Меланија Трамп слета во Лондон со ископиран стајлинг од Меган Маркл

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во четвртокот со својата сопруга во официјална посета на Обединетото Кралство. Фустанот во кој Меланија слета во Лондон потсетува на оној кој го видовме на Меган Маркл пред некој ден, па американските медиуми се прашуваат дали првата дама ја ископира Војвотката од Сасекс.

Меланија во Велика Британија пристигнаа во фустан од францускиот дизајнер Roland Mouret, многу сличен на оној што Меган Маркл го носеше за време на дводневната, прва официјална странска посета на Ирска.

Двата фустани, се со сличен тон на боја, прилепени за телото и со грациозно деколте. Американското списание Veniti Fer исто така потсетува дека сличен фустан Меган носеше пред нејзината венчавка и заклучи дека ова е нејзиниот омилен бренд.

Ваков крој на фустан би облекле многу жени, бидејќи остава впечаток дека сте конзервативни, но, исто така, е јасно дека имате стил.

Асиметрија ги носи со себе карактерситиките на „femme fatale" и е одличен избор за жените кои сакаат да се сметаат како паметни и предизвикувачки.