Меланија Трамп со кампања за децата и лошото влијание на интернетот „Биди најдобар“

Добивај вести на Viber

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп ја започна кампањата „Биди најдобар" (Be best), која има за цел да им ја покаже важноста на децата за општествено, емоционално и физичко здравје.

,,Иницијативата има за цел промовирање на здрав начин на живот, употреба на социјални мрежи на позитивен начин и борба против злоупотребата на опиоиди“, изјави Меланија Трамп.


„Морален императив на нашата генерација е да преземеме одговорност и да им помогнеме на децата", рече сопругата на американскиот претседател, пренесува Би-Би-Си.

„Како што сите знаеме, социјалните медиуми можат да бидат и позитивни и негативни, а најчесто се користат негативно", рече таа во понеделникот.

„Кога децата учат рано онлајн однесување, социјалните медиуми можат да се користат на продуктивни начини и да влијаат на позитивните промени".

Г-ѓа Трамп во минатото посочи дека планирала да се фокусира на сајбер-малтретирање и да развие позитивни навики со социјалните медиуми.

Доналд Трамп ја поддржува кампањата на неговата сопруга и на крајот на говрот ја бакнал на образот. Говорот на жена си го нарекол „убав и искрен“.