Моден фокус // Трендови
Меланија Трамп со шик деловен изглед во посета на Шкотска
Првата дама на САД заедно со нејзиниот сопруг Доналд Трамп се уште се на европска турнеја.
По тој повод, Меланија до сега смени неколку стилски комбинации, а по вчерашната посета на англиската кралица Елизабета, за посетата во Шкотска, реши да ги замени здолништата со елегантни панталони.
Меланија овој пат се одлучи за едноставна, но ефектна деловна комбинација, односно капри панталони и салонки во беж нијанса, комплетирани со јакна, чанта и бела марама.
Како вас ви се допаѓа оваа комбинација на Меланија Трамп?