Мерките олабавени: За празниците пократок полициски час

Добивај вести на Viber

Епидемолошката ситуација во државата дозволи рестриктивните мерки да се олабават. Тоа предизвика и пократок полициски час кој од вечер ќе почнува од 21 часот наместо како досега од 20.

Викендов пак, по препорака на здравствените власти полицискиот час ќе биде укинат целосно. Истото ќе биде и за Рамазан во ноќта помеѓу 13 и 14 мај.

Според последните измени мерките за спречување на ширење на ковид, ќе бидат на сила до 15 маj.