Мерлин Монро ѝ кажа дека мажот ќе ја остави – Џеки Кенеди со својот одговор ги воодушеви сите!

Мерлин наводно била убедена дека Џон Кенеди ќе ја остави својата сопруга и ќе се ожени со неа, а на својата добра пријателка Џејн Кенеди повеќе пати и спомнувала: „Замисли ме како прва дама.“

Кога Мерлин Монро по телефон ја повика Џеки Кенеди за да и признае дека има афера со нејзиниот сопруг, тогашната прва дама на САД, само и одговорила: „Супер! Јас ќе се иселам од Белата куќа, а ти превземи ги сите проблеми!“

Оваа и слични вакви ситуации помеѓу претседателот и неговата сопруга, во текот на неговата последна година од животот, се објавени во книгата на Кристофер Андерсен "These Few Precious Days: The Final Year of Jack with Jackie".

Авторот во книгата опишува како Џеки воглавно без зборови го прифатила „плукањето“ на својот сопруг дека излегува со други жени, но врската со холивудската дива најмногу и сметала.

Андерсен исто така наведува како Џеки во осумдесеттите години ја мразела и Мадона, после кратката врска што нејзиниот син Џон Кенеди Џуниор ја имал со славната пеачка. Тие двајца излегуваа во 1988 година, а Џеки страшно се противела на нивната врска.

Џеки Кенеди воопшто не го одобруваше имиџот на Мадона и постојаната нејзина провокација со Црквата и религиските мотиви, а таа посебно беше огорчена од насловната страна на магазинот "Life" каде поп кралицата Мадона се сликаше преправена во Мерлин Монро.

Инаку, Џеки неможела да поднесе ниту еден потсетник на аферата на нејзиниот сопруг со Мерлин, па дури и тоа да е Мадона облечена како главна икона на Холивуд.