Здравје // Совети
Месецов ни доаѓаат 200 илјади вакцини од Кина: Вакцинација во три фази
Деталниот план вели дека вакцинацијата ќе се одвива во три фази, а бројката од 200 000 вакцини од Кина треба да пристигнат во државата од наредната недела.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска го стави потписот на договорот со кој ќе се набави најавената доза на вакцини.
Деновиве, како што соопшти Филипче ќе биде утврден и точниот датум на пристигнување на вакцините.
Имунизацијата, според надлежното министерство ќе почне месецов а вакцините, како што тврди Филипче се безбедни за граѓаните.
Производител на вакцините е „Синофарм“.
Фото: Freepik.com