Ми рече: „Ако дојдеш со мене, автомобилот е твој“ - Со еден потпис излегов од сиромаштија и станав милионерка, но не сметав на ова работа

Добивај вести на Viber

Мојот сопруг не е грд, но не е баш и Бред Пит, ако ме разбирате. Неговиот изглед не ми беше важен кога се омажив - имав 22 години, завршив моден дизајн и бракот со него беше само отскочна даска до целта што си ја поставив - да станам новата Донатела Версаче.

Се забавувавме околу половина година и во тие 6 месеци живеев подобро отколку во претходните 22 вкупно. Одев на гала вечери, бранчери, коктел забави и наместо со колеги студенти се дружев со претприемачи, познати личности, познати фотографи. Секој викенд патувавме некаде, а тоа секогаш беа егзотични локации, пишува жената која одлучи да ја сподели својата приказна со новинарката Јулија Месленер за Scarymommy.com.

Од девојка без пари преминав во живот на милионерка, сето тоа благодарение на тоа што потпишав на едно парче хартија - мојот венчален лист. Секако, заедно со тоа дојде и предбрачниот договор и еден куп други работи, но и 16 години подоцна, можам да ви кажам дека тоа беше најпаметен потег. За жал, моите родители го мразеа мојот сопруг, но ќе дојдеме до тоа подоцна.

Најпрво, секако бев разочарување за моите родители. Мојот пад во нивните очи започна кога се префрлив од факултет во двегодишно средно училиште за моден дизајн. Бев принудена да го сторам тоа затоа што едноставно одлучија дека нема да платат за мојот факултет. Не велам дека мора да платат за мојот колеџ, но тие секогаш велеа дека ќе се погрижат за тоа. Потоа, кога дојде време за факултет, испадна дека погрешно пресметале, барем така рекоа.

„На 22 години ќе направиш се‘ за да добиеш Бентли“

Тогаш не е изненадување што кога еден шармантен постар маж ме покани на неговата маса на вечерно излегување, јас прифатив без размислување. На крајот од таа вечер, тој ги зеде клучевите од своето Бентли и ми рече: „Твое е ако дојдеш дома со мене“. Добро, знам дека ова звучи морничаво, но во моја одбрана, ова беше многу пред социјалните мрежи и немав можност да читам туѓи хорор искуства. На 22 години, ќе направите се‘ само за да имате шанса да поседувате Бентли. Патем, тој навистина ми ја даде таа кола утрото. Тоа не беше најлошиот момент во нашата врска. Најлошиот момент од нашата врска не беше ни кога ми го покажа предбрачниот договор што требаше да го потпишам. Всушност, најстрашниот момент од нашата врска се случи кога мојот иден сопруг се обидуваше да му објасни на татко ми каква прекрасна мајка ќе бидам. Потоа почна да објаснува како неговиот менаџер го советувал дека е време да се „смири“ и да почне да негува имиџ на семеен човек наместо на плејбој бидејќи тоа ќе му помогне во бизнисот.

Моите родители беа згрозени од мојот избор, а еве зошто:

- Мама беше љубоморна. Таа се омажи за татко ми убедена дека заедно ќе заработат богатство и ќе можат предвреме да се пензионираат. Наместо тоа, дури и на 50-годишна возраст, таа мораше да се откаже, а нејзиниот брак беше просечен во најдобар случај, секако не добар или полн со љубов.

- Татко ми не сакаше да избегам од неговата финансиска контрола. Дефинитивно сме средна класа, но во Калифорнија. Ова значи дека ништо во мојот живот никогаш не тргнало наопаку. Тато ги искористи парите за да ме поткупи, да ме натера да направам нешто што не сакам да го правам, едноставно да ме контролира. Само така можеше да успее да манипулира со мене како што сакаше.

Секако дека сакав да излезам од таквиот живот и ми се укажа можност да се извлечам од него на гала свадба на која гости на свадбата ќе ми бидат познати личности и после тоа да скокнам во светот на луксузот. Дали би го пропуштиле тоа?

Дури ни на денот на свадбата не знаев од каде ги има мојот сопруг парите.

Нашата свадба беше како што можете да замислите - изгледаше како деловна шарада и одлична можност луѓето да се соберат и да разработат понатамошни идеи за деловна соработка. Ќе бидам искрена: на денот кога се омажив, сè уште не бев сосема сигурена што всушност прави мојот сопруг и од каде ги добива парите. На мојата свадба забележав дека се чини дека е иста ситуација со другите жени кои се појавија во придружба на нивните сопрузи. Веројатно затоа се залепиле - кој подобро би ги разбрал од жена која е во иста ситуација.

Не го мразев мојот сопруг кога ме изневеруваше. Не ни помислував да се разведам поради тоа. Јасно ми е дека нашиот брак е заеднички деловен аранжман и дека ниту тој ниту јас не сме во него поради љубов. Она што го мразам кај него е тоа што тој верува дека моите соништа можат да се купат со Бентли и сметка со многу пари.

Мое е да бидам тивка и послушна, без свои амбиции

Работата е во тоа што тој никогаш не планираше да ми помогне да го остварам мојот сон и да се обидам да станам новата Донатела Версаче. Не, мое е да трошам пари и да бидам тивка, послушна сопруга без свои амбиции. Ме затвори во овој балон од илузија каде што живеам опкружена со жени полни со силикон кои исто така бесцелно талкаат низ животот во потрага по ново парче дизајнерска облека за да се одвлечат од нивните животи.

Мојот живот е совршен однадвор. Мојата куќа има совршено средени цвеќиња, секогаш уреден тревник, куќата е како од бајка. Целата населба е совршено иста и координирана. Сите жени се слични - слаби, со темна кожа, со силикони. Платинесто руса коса со која се чини дека се родени бидејќи никогаш немаат ни милиметар раст. Деновите ги поминуваат на базен, во СПА, на шопинг и во теретана. Кога се дома, прават забави за своите деца и кучиња.

Секоја од тие жени во моето соседство, како мене, се омажи за пари. Сите се откажавме од секој сон и се свртевме само кон децата и козметичките третмани.

Богатството на крајот е слично на самото состанување - на почетокот е само забавно, додека сè е ново. И тогаш се прашувате „А што добивам јас од ова?“. Многу е позабавно да излегуваш со милионер отколку да се омажиш за него и да имаш деца. Единствениот заеднички интерес што јас и мојот сопруг го имавме беше интересот за моето тело (напоменувам, тело пред бременоста). Сега после три бремености и многу стрии, целулит и вишок килограми, ни тој ни јас не сме заинтересирани за него.

На 22 години, бракот со него изгледаше како магично решение за сите мои проблеми. Планот беше да се биде познат дизајнер пред 10 години. Јас не станав таков. Кога би можела да се вратам во времето, сепак би се омажила со пари, но не би дозволила бесплатниот Бентли целосно да ја попречи мојата стратегија.

Имам неколку совети за жените кои се‘ уште не се во брак:

- Целите секогаш нека ви бидат приоритет - и нека стои во договорот.

- Знајте дека вашите планови и цели се повредни од автомобил од 350.000 долари и дебела банкарска сметка што не е целосно ваша.

- Натерајте го да се обврзе или на сурогат мајка или доживотно плаќање на личен тренер и готвач. Ако одбие, натерајте го да потпише дека нема да коментира за вашето тело по три породувања.

- Омажете се за некој што ви се допаѓа или со некој со кој би сакале да работите (идеално и двете во исто време).

- Ако вашето соседство е полно со ботокс, филери и силикони, а живеете во Калифорнија, не срамете се и вие што не сте такви.

- Ако сакате ваша автономија, чувајте посебни сметки во банката и работете некоја работа што е само ваша. Чувајте ги тие работи за себе. Ниту знаеш што работи маж ти, ниту пак му паѓа на памет да ти каже за тоа.

На некој начин, бракот е како војна или игра шах. Секој играч или завојувана територија има свои краткорочни и долгорочни цели, но мора да бидете скришум за да ги постигнете. Ќе фрлите неколку карти на масата, ќе покриете повеќе од нив - додека некој не извика „шах-мат“. Мојот „шах“ момент се уште не е пристигнат, но работам на тоа и со нетрпение го очекувам.


Фото: Профимедиа

Извор: женаблиц