Ми се слоши во авион, итно ме породија и ми соопштија дека имам тумор: Сестрата на Наташа Беквалац за тешките животни моменти
Драгана Бекавалац на емотивен начин ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка Зои која наполни 24 години
Драгана, најстарата сестра на познатата пејачка Наташа Беквалац, на Инстаграм ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка Зои. Таа во една емотивна објава ги опиша најболните, но и најсреќните моменти во животот.
„Знаеш ли како беше?! Бомбардирање... 11.04.1999. Никогаш не би можела да пишувам за овој период од мојот живот... тој е еден од најтешките... маж ми во војска , а ние жените... одиме сами во Ловеч бидејќи тато таму беше фудбалски тренер“, ја започна својата објава Драгана и опиша што ѝ се случило во авионот кога ненадејно се породила:
„Бидејќи бев девет месеци бремена... ми се слоши во авион...слетуваме и итно ме пораѓаат. Останав сама во болница меѓу непознати луѓе, не го знам јазикот, тие ме оставаат без размислување дека ќе се породам за половина час.Тогаш почнува пеколот - само мојата Сара беше добро, полека умирам од болки и ми велат дека имам тумор на панкреасот и акутен панкреатитис. Следуваше и постпородилна депресија - Не сакам повеќе ништо, не сакам ни да живеам, но по две недели го прифаќам и потоа ми почнува тобоганот со Зои“.
Како што истакнува, било тешко, но денес е горда мама:
„Сакам што е своја, сакам што знае што не сака, обожавам што направи сè што не ми беше дозволено, што ми рече како дете: „Сакам само онака како што јас сакам, се согласуваш или не'. Беше тешко, но јас денес сум горда мајка на самостојна, храбра, интелигентна девојка, голема уметничка душа, пред сè разумна и силна жена... Те сакам мое храбро девојче. .. Секогаш ќе бидам покрај тебе, со тебе и зад тебе... сè додека дишам, 24“, напиша Драгана Беквалац во емотивната објава.
Извор: Јумама