Ми се живее у пм
Некако почетоциве на колумнава беа
со цел диети, слабеења, исхрани и остали девојачки дешавања, се со цел да
сподел дел од моево лично искуство, за да ви помогнам и да ве мотивирам вам кои
не успевате сами. На сите нас ни треба едно буткање нанапред, клоца во задник,
за да ни текне каде и како си штетиме. Некој сам си ја мава, некој чека
општеството да го плесне, некој од најблиските, зависи, сите сме различни, сите
сме дел од ова време, а се спојуваме само во две работи, сите исто сакаме и
сите исто мразиме.
Е сега, бидејќи сум далеку од рецепти за безглутенски лебови и броење на оброци во текот на денот, патот по кој што сами си тргнаа колумниве ме доведе до моментот каде што ви ја давам душата на тацна. Можеби не сто посто, се уште не сте подготвени за целосната слика, но доволно, за да секојдневно добивам пораки во инбокс кои ми велат дека јас сум им мотивација за да продолжат, да се надградат и дури и да живеат.
Јас заради вас, се сеќавате?
Па така нашево заедничко патување се претвори во магичен круг на на ти го дај ми го, или ти јас ве мотивирам вас да бидете подобри за себе, а вие мене да бидам подобра за вас. За себе завршив, ја добив најголемата битка на светот, сама со себе. Не ги покорувам веќе личните демони, ги пуштам да дивеат, не се стишувам, појачувам тон. Не бегам од себе и сопствените потреби, без разлика што се често и повеќе од просечни, не барам начин да застанам, туку да забрзам, не барам средства за да преживеам, туку давам за да живеам!
Обично ова оди во ПС по најново, но јас нема да бидам јас, ако не ги скршам сите правила, па дури и сопствените. Додека го читате ова пуштете си soundtrack, Alone in Kyoto by Air, преважно е животов да го дегустирате во мелодија. Не сте свесни колку љубов и енергија има во фреквенцијата на добра и квалитетна музика. Баталете турбо фолкови, се потрувме. Ај малку поконцептуално, попозитивно и љубовно.
Не сакам цензури. На живот, на љубов, на работа, на состојба, на емоција, на секс, на чатови, на слики, на состојби, на себе ..
Во еден момент вашиот партнер нема да знае што да ви каже. Вашиот пријател нема да ве разбере. Вие, самата на себе нема да знаете како да се дефинирате за да продолжите понатаму. Тоа е моментот на живеам за себе.
Сама со себе, има момент каде што сите емоции ви се судираат во една точка, во најскриениот агол од срцето што сте го чувале за таму еден некој посебен. И сите разочарувања си го покажуваат правиот лик, сите идеали и идоли паѓаат во вода, се се сведува на една голема магична илузија која вие самите на себе сте си ја задале како таргет. Реалноста е друга, што не значи дека е помалку волшебна. Не учеа на Дизни, на бајките на Андерсен, на идеални врски и односи без крај. На работи кои ќе не донесат милиони само ако завршиме факултет, на Додека смртта не не раздели ако се омажиме… Не. Не пости засекогаш. И не, ова не е негација на позитива, баш напротив, ми се живее у пм. Ми требаше време и искуство да сфатам дека љубовта не е прстен и венчавка со слики и фустани, туку акт, чин и ветување за заедничка среќа. Дека кариера не се милиони и тапшање по рамо, туку промената која ти ја правиш со тоа што го работиш. Дека животните идеали се тука за да не разочараат затоа што самите ние растеме и се менуваме, и тоа што не мотивирало на 15, не е истото на 35. И тоа што не движи напред е чиста енергија, мотивација да бидеш сам за себе најдобар, свој конкурент со сите можни бубачки во главата, со сите грешки кои што треба да се направат за да живееш со полна плуќа. Со последици, со непотребни трачови, со несовршени телесни пропорции, со грешки. Затоа што мили мои, ние сме луѓе, од крв и месо, не сме роботи. Ок е да грешиме. Со грешките учиме како треба. Од најголемата болка, ја вадиме најдобрата поука, од најголемата љубов, го чуваме најголемото сеќавање. Тоа е тајната, нема систематизација, нема очекувања, нема филозофии. Ти, тој/таа, и една гомила на емоции вредни за грешење. Пријатели кои вредат секоја секунда од твоето време, со кои смееш да грешиш, ти на нив и тие на тебе. И ти со сите твои бубачки во глава, спремен да го промениш во светов сето она што не ти се допаѓа, преку себе.
Ми се живее. Не локално, а не сакам да се селам. Не му верувам на тоа што светов го нуди, не е до светот, до нас е. Само стравот не држи локално, не застојува, не учи да сме покорни. Без страв, со м.да на лавица, со страст на секоја можна емоција која тлее во мене, и волја за промена, сакам да сум тука, и да живеам по мое. Без предрасуди, со комплетен игнор на локални трачови и неизживеани будали, и дегустација на сите можни моменти во мојов живот. Дури и болните. За да станам појака.
Прелепотице, стани појака. Не се бори со твоите демони, појачај ги, збуни ги. Дај им енергија дупло, за да не можат да се снајдат со тебе. Изеди ги. И живеј на најјако.
Јас сум Ивана Кнез, не ми се сели бе. Имам една гомила луѓе што ги сакам повеќе од себе овде, иако не ми веруваат ни они. И имам база, основа, тло. Сум била надвор, дома се луѓето и љубовта верувајте ми. Борбата само ќе ви се одложи надвор. Од самите нас бегаме.
Се читаме следна недела.