Миа Костова со поддршка: Да е самохрана мајка наставник, не може да однесе дете ни во Дојран со тие примања

Поранешната водителка и актуелна инфлуенсерка Миа Костова искрено и без влакна на јазикот коментира за моменталниот штрајк на вработените во основните и во средните училишта низ целата земја. Таа јавно даде поддршка за просветните работници.

„Не смееле да штрајкуваат, пази ти, зошто нема кој да им ги чува децата. А тоа што еден наставник да е самохрана мајка не може да однесе дете ни во Дојран со тие примања, тоа нема везе, важно некој да ти го почува детето. Јас тргнувајќи од нашата наставничка, навистина не знам како успева да е и мајка и да се справи со 30 деца, да ги едуцира и да ги чува, она што ви е нели, најбитно, и утре да земе 17.000 пензија, на 11000 денари струја во зима. Срам да ви е ако навистина мислите дека светот се врти околу вас и дека во приватна фирма хигиеничарка треба да земе повеќе пари од таа што ви го чува детето и вие не го ни мислите додека сте на работа за дупло повеќе пари, зошто, нели, нејзина си е одговорнста бе, ќе ја задавите ако нешто му се случи. И тоа што добивате, многу ви е. Ќе пропуштеле настава. Тоа било поважно отколку примањата на еден наставник. Да беше вистина она што го мислите немаше да има деликвенти во 4то одделение и ќе ги воспитавте да седат сами дома додека наставникот се бори за нешто што вистински му следува. Реков што реков.“ - стои во нејзината објава на Фејсбук, која собра над 1000 лајкови.