Оценките останаа непоправени, материјалот недопредаден: И по цела недела штрајк нема договор, учениците се колатералната штета

И денеска продолжува штрајкот на вработените во основните и во средните училишта низ целата земја. Нема договор меѓу СОНК и Владата. Понуденото зголемување на платите од 10 отсто е неприфатливо за повеќе од 500 синдикални организации кои се под капата на СОНК.

„Золемувањето на платите од 10 проценти во детската заштита и во основното и средното образование воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата оваа година и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството на професијата“, изјави вчера претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Информацијата за тоа дали настава ќе нема и денеска со нетрпение ја чекаа и наставниците, но и учениците, особено матурантите кои планираат образованието да го продолжат надвор од Македонија. Во разговор за Фактор велат дека во нивната едукација остануваат непоправливи „дупки“, кои ги прават далеку неподготвени и неконкуретни со нивните врсници и од Балканот, но и пошироко.

-Знаеме колкав проблем се ниските плати во државата. Нашите наставници и професори дефинитивно се најниските гранки. Голем дел од нас, учениците, имаме мобилните телефони кои чинат колку две, па и три плати колку што сега зема еден наставник. Но, во оваа држава се е некако наопаку. Електро-инжинер е помалку платен од фризерка, докторите заработуваат помалку од козметичарите. Тоа никаде го нема. Целиот систем, ако воопшто постои во државава е пореметен, и заради тоа и оние кои треба да не изведат на прав пат, односно наставниците се обесправени. Тоа е факт. Но, најголемата, колатералната штета сме ние, учениците. Во последниве две години ништо не научивме, а и сега, кога ги броиме последните денови од средношколските денови, седиме дома и чекаме да кажат дали штрајкот продолжува или не. Верувајте, никој не се радува на губењето часови. Ние, повозрасните сме свесни дека овие „дупки“ во еукацијата тешко дека ќе ги пополниме. Јас, конкретно ќе студирам надвор од Македонија. Но, уште сега знам дека ќе треба „крв да проплукам“ за да ги стигнам моите врсници од другите земји, вели Ѓорѓи Т, матурант во една од скопските гимназии.

Сосема ист став делат и некои од професорите. 


Продолжува на ФАКТОР.МК