Мијата вчера го „запали“ Скопје: Нов албум на дамата со раскошен вокал

Раскошен вокал, импресивна појава и одлични песни- кантавторката Наташа Крстевска- Мијата вчера приреди одличен концерт и промоција на новиот албум, „Вида“ во прекрасниот амбиент на Куршумли ан. Дупли повод за славење- вчера ѝ беше роденден.

Насловот на албумот е поврзан со симболот на Св. Вид, Вида е симболика на таа која што прогледала. Песните ја галат душата и имаат интерсни приказни.

На крајот од концертот, а особено на најголемиот нејзин хит, „Верувам во себе“, Мијата доби оригинална поддршка од синот и сопругот кои за нејзината љубов запалија факели од горниот кат на Куршумли Ан, заедно со нивните пријатели.

Валентино Скендеровски ја придружуваше Мијата на клавијатури, Кире Мирчевски свиреше акустчина и елекктрична гитара, Горан Гешовски бас гитара, Ратко Даутовски перкусии, Иво Митковски тапани. Придружни вокали беа Мартина Нанеска, Елена Васова и Дино Хриџиќ.

Настанот се одржа во рамките на Скопско лето

Фото: Вангел Тануровски

Галерија: