Мила Царовска во патики и проѕирна кошула: Релаксирано на терен
Нејзиниот изглед
е класичен и модерен, ни претерано впечатлив, ни претерано агресивен. Како да
го пронашла златниот сооднос. Навикнати сме да ја гледаме во фустани, но често
носи и кошули.
Кога е на терен, бира практична облека, посебно ако се работи за место кое е непристапно за високи потпетици.
Па така, неодамна таа на езерото Младост се појави во патики со висока платфотма, тесни фармерки и транспарентна кошула. Изгледот го надополни со автентичен гердан со масивен приврзок.
А, за таа прилика напиша на нејзиниот Фб. профил:
„Езерото Младост станува прва иновативна туристичка атракција во земјава. Со вкупна инвестиција од 62 милиони денари обезбедени преку Проект за локална и регионална конкурентност изградбата на пристапни патишта до угоститлеските објекти, на просторот околу езерото се поставува содржини со смарт уреди како што се штедливо осветлување, и паркинг со користење на дигитален систем за управување со 23 места, клупи со полначи и се набавуваат смарт велосипеди. Исто така во тек е изградба на еко камп којшто ќе содржи повеќе интересни катчиња за најмладите“.