Миле Кузмановски: Повторно се оженив, ќерките ме поддржаа

Добивај вести на Viber

По шест години од смртта на сопругата Вера, фолк-пејачот Миле Кузмановски повторно е среќен. Неговата сопруга Јасмина, пред повеќе од една година ја роди ќерката Ева. 

Миле е татко и на близначките Ана и Јана кои имаат 15 години. 

„Најмалата ќерка ја крстивме Ева. Името ни беше убаво и мене и на сопругата, нема некоја симболика. Таа има година и три месеци, а Ана и Јана се средношколки, учат медицина. Тие имаат по 15 години, и сите три ќерки се прекрасни деца на кои сум многу горд“, изјави пејачот неодамна за „Фокус“. 

Кузмановски стапи во брак со Јасмина, која е вработена во Црвен крст, пет години по смртта на мајката на Ана и на Јана и изјави дека поради ќерките животот мора да продолжи. Во моментов го подготвува својот десетти по ред албум.