Милица Тодоровиќ има две убави сестри: Со една од нив беше во кавга поради пари
Убавата пејачка Милица Тодоровиќ на музичката сцена е присутна веќе деценија и пол. Првпат стапна на сцената на 14-годишна возраст и веднаш постигна голем успех - го освои музичкото шоу за таленти „Ѕвездите на Гранд“.
Милица, со својата природна убавина и харизма секојдневно освојува, подеднакво убави се и нејзините сестри.
Освен нејзините родители, Тодоровиќ секогаш ги ставаше во прв план нејзиниот брат Владан и сестрите Јована и Анѓела.
Сите овие години, како што секогаш истакнуваше, семејството на Милица беше нејзината најголема поддршка. Освен нејзините родители, Тодоровиќ секогаш ги ставаше во прв план нејзиниот брат Владан и сестрите Јована и Анѓела.
Едно време се пишуваше дека врската на Милица со нејзината сестра Јованa е разнишана поради пари. Како што тогаш пишуваше „Свет“, Милица влегла во голем конфликт со зетот, кој со години беше нејзин менаџер и најблизок соработник. Како што беше наведено во тоа време, Милица поднесе тужба против него под сомнение дека ја ограбил и и одзел повеќе од 60.000 евра, со кои таа имала намера да купи стан.
- Не коментирам ништо. Нема да давам изјави за семејни работи и семејство! - изјави Милица тогаш.
Сепак, како што се зборува, Милица ја средила својата врска со Јована, а таа е горда на помладата Анѓела и често објавува нејзини фотографии.
- Имам најубави сестри на светот! Моето богатство! Мојата помлада сестра - напиша Милица претходно на својот Инстаграм профил.
Фото: Инстаграм и Фејсбук