Моден фокус // Трендови
Македонија полуде! Колку милиони евра Македонците потрошија во „Зара“, „Масимо Дути“ и „Бершка“?
Како македонскиот пазар реагира и конзумира „тренди“ светски брендови? Резултатите се навистина импресивни. Очигледно дека Македонците лудуваат по моделите на “Бершка“, „Пул и Беар“, „Масимо“... и другите од продажната линија на „Индитекс“
Македонецот е чуден ков, нема за леб ама за добро парче облека секогаш ќе најде. Животниот стандард и одалеку не е на завидно ниво, но брендовите на облека кои и не се баш евтини, Македонецот не само што не ги заобиколува туку и сериозно ги преферира. Ваквиот наш став не се базира на слободна перцепција туку на анализа која е добиена од бројките кои фирмата што тргува со овие брендови ги презентира пред државните институции.