Милиони прегледи: Проверете зошто секој сака да го испроба овој омлет сендвич (РЕЦЕПТ)
Вкусен е и заситува, а се прави брзо.
Доколку сакате вашиот појадок да биде силен, да ве засити, а сепак здрав, ова е вистинскиот рецепт за вас. Она што ви треба се јајца, кашкавал, леб и малку време.
Овој рецепт стана хит на социјалните мрежи, а само една недела откако беше објавен на Инстаграм профилот на Food Network, рецептот собра огромен број прегледи.
Се што ви треба за да го подготвите е:
малку путер
три јајца
малку млад кромид
две кришки тост леб
малку сол
сирење или кашкавал
Подготовка:
Во сад изматете јајца, ситно исечкајте го младиот кромид, па измешајте со јајцата. Посолете по вкус. Во загреана тава истурете малку путер, а кога ќе се загрее додадете ги јајцата.
Кога малку ќе зарумени одозгора, ставете две кришки тост леб, кога малку ќе се испече со шпатула свртете се наопаку и на средина ставете го кашкавалот. Свиткајте ги рабовите на јајцето навнатре и преклопете.
Откако ќе се испече јајцето, преклопете го на половина и извадете го во чинија. Појадокот е подготвен.
Уште еден начин на подготовка: