Министерството за економија го прогласи ХалкЕко проектот на Халкбанк за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“

Добивај вести на Viber

Проектот ХалкЕко на Халкбанк АД Скопје со кој се поттикнуваат здрави животни навики и грижа за природата, но и се зголемува шумскиот фонд и се реализираат други активности во насока на заштита на животната средина, од страна на Министерството за економија е прогласен за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“.

Министерството за економија по 13ти пат го организираше изборот на најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата. Од пријавените 19 проекти, Министерството додели Награди за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2021 година на пет претпријатија, за реализирани проекти во различни категории. За најдобар проект во доменот на заштита на животната средина е избран ХалкЕко на Халкбанк. 

Халкбанк е прва еко банка во државата и како таква посветено работи на поголема енергетска ефикасност и подобра животна средина. Со цел подигање на свеста за еколошки прашања, уште во октомври 2019 година, Банката ја креираше мобилната апликација ХалкЕко со која, со низа подароци и бенефиции, ги мотивира граѓаните да пешачат, трчаат или возат велосипед. За возврат, Халкбанк презеде обврска за секои 80 километри поминати во овие активности, како кумулативна активност на сите корисници на апликации, да засадува дрвја. Досега, на овој начин се обезбедени  речиси 13.000 садници, а емисијата на CO2 е намалена за повеќе од 131.400 кг.

„Зачувувањето на шумите, но и на севкупната добросостојба на нашата планета, е нешто што нѐ засега сите и обврска пред која што не смееме да си дозволиме да застанеме, особено кога се работи за нашата локална заедница. Ние, како еко-ориентирана компанија, преку разновидните ХалкЕко кампањи и голем број спроведени акции и иницијативи, правиме навистина големи напори да дадеме видлив придонес кон подобра, почиста и поздрава средина за сите, но и кон поттикнување поголема одговорност кај секој еден чинител во општеството“, велат од Халкбанк.  

Меѓутоа, ХалкЕко денес не е само апликација, туку прерасна во платформа во рамките на која Банката реализира и други проекти за поттикнување здрави животни навики и заштита на природата. Од првата акција на пошумување, одржана во октомври 2019 година, Халкбанк организираше низа големи и помали акции на садење нови дрвја преку кои се донирани над 35.000 нови садници  кои се засадени на повеќе локации во земјата. Па така, 220 садници се засадени во училишни дворови на училишта во повеќе градови во земјата,  со 6.000 млади садници се обнови шумскиот фонд во околината на Велешкото езеро каде претходно имаше силен шумски пожар, а 2.790 садници беа засадени во реонот меѓу Битола и Демир Хисар. Акциите продолжија со садење на 9.200 дрвја во околината на Куманово, а во околината на Свети Николе на двапати се засадија речиси 16.000 дрвја обезбедени со средства на Банката, но и со пари собрани од уплатените котизации на учесниците во велосипедскитe трки ,,Halk Velo Green” кои веќе две години по ред Банката ги организира во Маврово. 

Во рамките на платформата ХалкЕко  се реализираа и други проекти – се реновираа мостовите во новиот дел од Градски парк во Скопје, се уредија Зелени корнери во ТЦ Лептокарија во Скопје и во Гостивар, во Аеродром се направи зелен покрив на автобуска постројка, во Крушево се реновираше мост, итн. И секако тука се и низ спортски настани на кои како спонзор, покровител или организатор се јавува токму ХалкЕко - платформата на Халкбанк.