Мишел Обама е модна икона во Elle: Сите нејзини тајни во автобиографската книга „Becoming“
Мишел Обама можеби веќе не е прва дама на САД, но нејзиниот статус како американска модна икона сѐ уште трае.
Уште откако се појави во кампањата на својот сопруг пред изборите во 2008-мата година, нејзините модни избори ги пратеше целиот свет, и осамнуваа наслов по наслов во сите медиуми. Во ексклузивното интервју, направено од нејзината долгогодишна познаничка Опра, за списанието „Elle" , по повод објавувањето на нејзината автобиографска книга „Becoming“ , таа ја сподели својата мисија со која ги инспирира сите млади девојки и жени.
Во еден дел од обемното интервју, Мишел Обама ја споделува својата перспектива за значајните модни избори, односно како ги носела нејзините одлуки за облека додека беше во Белата куќа.
- Кога станува збор за моите избори, се обидов да бидам непредвидлива, за да спречам некој да припишува каква било порака на она што го носев - напиша таа.
- Тенка беше линијата на мојот избор, требаше да се издвојам без да ги засенам другите, да се вклопам, но да не исчезнам. Како црна жена, знаев дека ќе бидам критикувана ако бев сфатена како некој на висока нога, и исто така би била критикувана ако бев преемногу вообичаена- додаде Мишел.
Таа забележа дека сака да ги комбинира високо-дизајнерските парчиња со прифатливи брендови- како мешање на обична маичка со здолниште од Мајкл Корс - и ја искористи својата позиција да им помогне на американските дизајнери, особено оние кои беа нови за индустријата.
На декемвриската насловна на списанието „Elle“, Обама изгледа кшик како и секогаш, во белап црна креација на Диор.
Нејзиниот изглед во внатрешноста е исто толку прекрасен: еднаш во бел фустан од американскиот дизајнер „Cushnie“, вторпат во моќен сребрен комбинезон со црно боди.
Во нејзината книга, 54-годишната дама, исто така раскажува за нејзините осум години во Белата куќа и зборува за мајчинство на ќерките Малија(20) и Саша (17), и за бракот со Барак (57).
Книгата „Becoming“ , објавена од „Викинг“, е на продажба од денес по цена од 25 фунти.