Некогашната убавица на Уругвај, Фатима Давила (31), е пронајдена мртва во хотелска соба во Мексико. Уште не е познато дали станува збор за убиство или самоубиство, соопштуваат од Мексиканското обвинителство.
Телото на мисицата која ја освои титулата за најубава жена на Уругвај во 2006 година е пронајденo во тоалетот на хотелска соба.
Таа во Мексико Сити пристигнала на средината на месец април, со намера да си пронајде работа, пренесуваат странските медиуми.
Во текот на изминатите неколку години во Мексико Сити, забележана е серија од смртни случаи на жени од странство. Според официјални податоци, во последните месеци локалните власти уапсиле голем број трговци со жени и сексуални робови.