„Мислев дека моите модринки се резултат на спортска повреда“: Тогаш ја дознала болната вистина

Дури кога го однела најстарото дете на лекарски преглед, го прашала докторот зошто модринките не исчезнуваат; наскоро добила дијагноза која ѝ го променила животот

Кога во 2019-та година забележала чудни модринки на телото, Линдзи Грегори (38) помислила дека се резултат на удари додека играла нетбол, пишува „The Sun“.

- Удар во раката или ногата за време на натпреварот веднаш резултираше со модринки - вели Линдзи.

- Беа многу темни, но не ме загрижија. Едноставно, не ни помислив на нив, верувајќи дека ќе исчезнат.

Сепак, ниту една недела по натпреварот на кој Линдзи ги „заработи“ модринките, тие не си заминаа. Дури кога го однела својот син Тео на лекар, решила да го праша докторот зошто модринките не ѝ исчезнуваат.

По извршената анализа на крвта, следувал необичен повик; лекарите од итната помош инсистирале итно да дојде на трансфузија.

Додека била под лекарски надзор, Линдзи одговарала на голем број прашања. Докторите првенствено ги интересирало дали има ноќно потење и дали неодамна почнала да кашла.

Одговорите на двете прашања биле потврдни, но Линдзи имаше, ѝ се чинеше, логично оправдување: таа веруваше дека нејзиниот син донел вирус дома, поради што почнала да кашла, а ноќното потење го припишала на тоа што греењето во куќата било нон-стоп вклучено поради бебето.

Лекарите ги направиле потребните анализи и откриле дека Линдзи боледува од акутна лимфобластична леукемија, редок вид агресивен рак кој најмногу ги погодува децата, но може да се појави и кај возрасните.

Симптомите се предизвикани од недостаток на здрави крвни зрнца и се појавуваат спорадично на почетокот, пред да станат сериозни.

По 100 долги денови хемотерапија, повеќекратни трансфузии на крв и трансплантација на матични клетки, Линдзи за среќа беше излечена.


За време на престојот во болница, таа редовно му испраќала фотографии и пораки на синот Тео за да му помогне да разбере што се случува.

Подоцна тие пораки ги претвори во книга за деца, „Мама оди во болница“, помагајќи им на другите семејства со мали деца кои се во иста ситуација како Линдзи.

Извор: www.telegraf.rs