Младите треба паметно да го искористат времето поминато со телефоните во раце: Интервју со Елена Зетова, зонален менаџер во AVON

Добивај вести на Viber

Љубовта кон негувањето и декоративната козметика, како и верувањето дека AVON е вистинската отскочна даска за нејзино самореализирање, се првите причини таа да ја почне својата приказна во оваа компанија која трае веќе 15 години, и која не би ја променила за ништо на светов. Пред сè, како претставник, понатаму како лидер, Елена Зетова денес е една од најуспешните Зонални Менаџерки на нашата територија. Со својата енергичност, проникливост и претприемачки сензибилитет, Елена успева да пронајде баланс помеѓу приватните и семејни обврски и остварувањето на професионалните соништа.

AVON за неа не претставува само бизнис или кариера, туку голема заедница, која им овозможува на жените да ја покажат својата сила, упорност и позитивна енергија. AVON заедницата е многу повеќе од бизнис тим, таа претставува столб на поддршка, унапредување и неограничени можностиза сите кои сакаат да бидат дел од неа. Денес, тимот на Елена кој го опфаќа јужниот и источниот дел на Македонија, брои повеќе од 1.800 претставници и 70-тина менаџери во 13 различни градови. Сите тие заедно придонесуваат за успешно пренесување на приказната на AVON преку својата напорна работа и желбата за успех.

Во тимот од самиот почеток на AVON во Македонија

Од самите почетоци на AVON во Македонија, таа станува дел од претставничкиот тим, па напредува низ сите позиции во компанијата, за сега да може како претставник на компанијата соодветно да одговори на сечии потреби.

- Ако си ја сакаш работата, ја работиш темелно и посветено, а паралелно на тоа низ годините успеав да изградам релации за комплетна доверба и почит со целата менаџерска и претставничка база околу себе. Тоа е подолгиот, но за мене вистинскиот пат за напредок во секоја компанија-  започнува Зетова.

За неа да се биде Зонална Менаџерка во компанија како AVON е многу одговорна позиција. Постојано се труди да мотивира, инспирира, да пренесува знаења, позитивно да влијае на луѓето, но и да се справува со најразлични ситуации и карактери, како и да го владее дигиталниот свет.

- Сето тоа треба да резултира со зголемување на тимот и продажбите, а се разбира и да доведе до поголеми бизнис успеси. Предизвици нормално дека има како и во секоја друга работа, но ништо не е нерешливо и заеднички секогаш наоѓаме начин да се справиме со истите - додава Зетова.

За себе вели дека е среќен менаџер зошто со целиот тим има изградено добри партнерски релации кои со тек на времето преминуваат и во пријателства и знаат взаемно да ја детектираат мотивацијата, а со тоа и тимски да ги донесат резултатите.

- AVON е препознатлива како комапнија со мнооогу мотивациски програми како за претставници така и за менаџери кои остануваат наш избор колку ќе се изработат на терен. За да биде мотивиран еден ТИМ пред СЀ треба да има лидер кој ќе им биде нивен пример за успешен водич, а не шеф кој само ќе делегира обврски и задачи преку маил и телефон - децидна е нашата соговорничка.

AVON за време на пандемијата

АVON е компанија која цели 15 години работи со комплетно онлајн порачување на производите и освен печатените брошури секогаш е достапна и интерактивната онлајн брошура, а од поново време и апликацијата за мобилен „Avon On“.

- Со почетокот на пандемијата кога сите почнаа да барат начини за да ги префрлат своите бизниси онлајн ние веќе имавме сè што ни е потребно за да одговориме на барањата на сите наши претставници и клиенти и нормално истите и понатаму да бидат заштитени и да продолжат да ги користат бенифициите и попустите како и предходно - објаснува таа за приспособувањето на бизнисот на брошурно продавање во време на пандемија, и додава : „Пандемијата направи промени во сите бизниси па нормално и кај нас. Првата промена која настана кај нас е личниот контакт со луѓето кои од канцеларии и конференциски сали се префрли на тимс, зоом, вибер, мсн, инстаграм... ама па од друга страна станавме подостапни за сите, зошто денешното време подразбира многу поминато време со телефон во раце по сите онлајн платформи и социјални мрежи. Со тоа се приближивме до поголема маса на клиенти, претставници и менаџери зошто паралелно продолживме да зголемуваме можности за секого дали да заштедат, дали да заработат или да градат кариера во интрнационална компанија.“

Што според Елена треба да знае или поседува некој за да стане AVON Претставник?

- АVON претставник всушност значи дека поседувате онлајн акаунт во АVON и го користите според вашите потреби. Нормално има и претставници кои и те како имаат изградено добри продажни вештини благодарение на обуките кои им ги обезбедуваат менаџерите и компанијата и овде веќе зборуваме за солидна заработка, подароци, наградни патувања и слично. Значи зависи од вашите амбиции, потреби и цели го користите и вашиот онлајн акаунт.

АVON како компанија се труди да биде комплетно посветена на жените со што веќе години наназад ги има двете основни фондации на глобално ниво, Фондацијата за борба против рак на дојка и за семејно насилство. Палетата на производи наменети за поддршка на овие кампањи секој месец е поголема со цел да може да се донираат и поголеми средства, 100 % искористени за поддршка.

- По повод празниците подготвивме и преубава хуманитарна празнична честитка и со нејзино купување може секој да се вклучи во поддршата на фондациите - вели гордо Зетова.

Таа вели дека младите треба паметно да го искористат големиот дел од времето поминато со телефоните во раце. Онлајн можностите за градање на сопственo хоби, кариера или бизнис во глобална  компанија им се достапни повеќе од било кога.

Ги охрабрува да одделат време за информативна средба, бидејќи треба само да имаат телефон и нормално желба за напредок и посветеност во работата.

„Од наша страна добиваат дополнителни програми со амбициозни заработки и подароци,патувања, додека континуирано се надградуваат преку бесплатни обуки од нашите најискусни кадри и истите  ќе придонесат за нивен личен развој.“

Затоа за крај, со нас сподели и неколку успешни приказни за мотивација:

- Во моментот зоната ми е составена од 1800 претставници и 70 менаџери за продажба. Секој од нив е успешен на посебен начин, зошто успесите не секогаш се мерат само според бројките.

Како дел од мојот тим би ги истакнала девојките кои во моментот се со мене и сите 3 се сосема различни профили, имаат различни интереси, начин на работа, образование, возраст и секоја од нив на свој начин си креира своја успешна приказна во АVON.

Ирена Павлова од Штип е дипломиран правник, дел е од АVON менаџерскиот тим веќе 12 години и своето искуство комплетно го насочува за развојот на сопствената структура и својот АВОН бизнис. Како Менаџер е одговорна за структура од 450 претствника.

Марина Павлова, тивка, креативна и доследна на работата. Како дипломиран фармацевт, AVON ѝ е веќе 7 години хоби која комплетно ја исполнува. Како менаџер одговорна е за структура од околу 130 претставника.

Анастасија Зимбакова од Струмица е типичен претставник на помладата дигитализирана генерација. Средношколка на 18 години ,со големи амбиции за развој како на себе така и на својата структура, креативна и комплетно посветена на користење онлајн алатки за работа. Дел е од тимот на зона 5 не цели 2 години и веќе менаџира структура од околу 140 претставника.

Овие девојки се само мал дел од успешните менаџерски приказни креирани во нашите тимови низ годините наназад. Сепак ќе напоменам дека во AVON не е важно кој кога започнал, какво искуство има, на која возраст сте или со кое образование, важно е да има свои цели и амбиции за ние да можеме да бидеме ваш избор и ваша комплетна поддршка за побрзо достигнување на истите. 


*ПР објава