Младоженецот ја турна невестата на под поради наводна шега: „Ова е аларм, го оправдуваш неговото агресивно однесување“ ВИДЕО

Добивај вести на Viber

Младоженецот се најде на критики поради „шегата“ што ја направил на сметка на својата невеста за време на венчавката.

Видеото на TikTok објавено од невестата Џејд Кенеди предизвика различни реакции кај гледачите кои тврдат дека младоженецот е „црвено знаме што оди“.

Видеото започнува со тоа што младоженецот со нож се приближува до раскошната свадбена торта, планирајќи да отсече парче од истата.

Штом ја зеде свадбената торта во рака, тргна кон невестата, и застана во еден агол да и намачка парче торта на лице.

Додека Џејд паднала, таа го повлекла и сопругот со себе, а тој секако успеал во својата шега, а тортата била секаде по неа.

Двајцата станаа смеејќи се, а една жена дојде да си ѝ избрише фустанот по кој што беше нанесена тортата.

@jadekennedy_777 It’s official we’re mr and mrs pricehe got me back for doing it to him good and propa love my arsehole of a husband all the world #fyp #fypシ #married #couplecomedy #funny #marriedlife #wedding original sound - Jade kennedy

Што ако погледнеме реално, изгледа навистина тажно. Невестата и младоженецот поминуваат часови и часови подготвувајќи се за тој ден. Шминката и фризурата мора да бидат совршени, а венчаницата е онаа која се бира со месеци...

И тогаш доаѓа вашиот сопруг и сето тоа го фрла во кал за само неколку минути.

- За што размислуваш? Ова е црвено знаме – напиша еден корисник.

- Жени, не треба да толерирате непочитување - додаде друга.

Како што продолжија негативните коментари на сметката на нејзиниот сопруг, невестата ги исклучи коментарите.

- Не го оправдувајте неговото агресивно однесување на денот на вашата свадба. Веќе знаете дека нешто не е во ред, затоа ги исклучивте коментарите - напиша друга.

-Јас сум негова сопруга и нема потреба да се извинувам за тоа што јас и тој малку се забавувавме на денот на нашата венчавка - одговори Џејд.

Очигледно, не треба да си го пикаме носот во туѓите животи, но верувам дека на повеќето корисници само им беше жал што тој на некој начин беше груб со неа.


ФОТО: Printscreen/TikTok