Млекара Здравје со донација на зимски јакни за граѓаните на кои им е потребна помош
Насмевки и задоволство за вниманието можеше да се забележи на лицата на граѓаните сместени во Дневниот центар за деца на улица - Шуто Оризари и на бездомните лица сместени во времениот објект за лица со поддржано живеење - Визбегово. Млекара Здравје под мотото „Здравје во твои раце“, продолжува со хуманитарните активности и за оние групи на граѓани на кои им е потребна помош донираше зимски јакни.
„Постојано ги следиме потребите на граѓаните на кои им е потребна поддршка. Со нашите активности сакаме да дадеме придонес во општеството на оние категории на граѓани на кои им е потребна помош. Ние во континуитет учествуваме и даваме безрезервна поддршка на иницијативи кои имаат хуманитарен карактер, овој пат, преку донација на зимски јакни“, изјавуваат од Млекара Здравје.
Од млекарницата информираат дека оваа активност има за цел да даде скромен придонесза најранливите категории во општеството.