Млеко за сончање на „Докторс“ не е безбедно за употреба и е повлеченo од трговската мрежa во Македонија

Добивај вести на Viber

Козметичкиот производ „Докторс“ млеко за сончање СПФ 50 не е безбеден за употреба и е повлечен од трговската мрежа во земјата, откако инпекторите од Држаниот санитарен и здравствен инсекторат ДСЗИ, по земени три примероци, од производот кои биле доставени зо анализа за здравствена безбедност во ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ Скопје откриле неправилности, дознава „Слободен печат“.

Согласно извештајот од извршената анализа од 29 јули 2021 година, во овој козметички производ има зголемен број на аеробни мезофилни бактерии, идентификувани како Pseudomonas aeruginosa и Candida spp. Според тоа ДСЗИ информира дека доставениот примерок од козметички производ – Докторс млеко за сончање СПФ 50 не одовара на Правилникот за критериумите за микробиолошка и хемиска чистота на козметичките производи и методите за проверка на тие критериуми.

На барање на увозникот на производот извршена е анализа на здравствената безбедност и на втор примерок од земената мостра и доставена за анализа во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.


Целиот текст читајте го на Слободен печат, тука.