Многумина ја осудуваат: Има брада и личи на маж, причината за тоа ќе ве изненади (ФОТО)

Бетани Бургојн од Есекс престанала да се бричи пред три години и е упорна во тоа, иако секојдневно се соочува со разни осуди.

Постојано ѝ кажуваат дека изгледа како маж, но таа не гледа негативно на ваквите коментари, туку се свртува на шега и ги прашува дали сакаат да ја погалат по брадата. Прво одлучила да престане да се бричи под пазувите и нозете, а потоа одлучила да ја пушти брадата која сега е долга 3 см.

View this post on Instagram

A post shared by Bethany Bx Sassy (@bxsassy)



Поради болеста, таа одлучи да направи драстичен потег

Кога дознала дека има полицистични јајници, состојба која предизвикува хормонална нерамнотежа, што влијае на поинтензивниот раст на влакната од телото, одлучила со нејзин пример да испрати порака до другите жени дека таквата состојба е нормална и дека треба да го прифатите вашиот природен изглед.

- Кога луѓето прашуваат за мојата брада, тие често го прават тоа со осуда или преку надразнување дека сум маж или претпоставки дека минувам низ промена на полот. Им објаснувам дека сум влакнеста жена, на која не и пречи да биде влакнеста. Ова обично води кон покомуникативни и отворени разговори за тоа зошто претпоставуваме дека жените не треба да имаат коса и додава:

- Сакам жените да разберат дека можат да трошат време и пари за многу поважни работи во животот, дека нивната самодоверба никогаш не треба да се базира на вклопување во наметнатите идеи за женската убавина - вели оваа млада дама.


Foto: Instagram printscreen