Многумина сакаат да бидат дисквалификувани: Кои се хрватските претставници за Евровизија кои својата песна ја нарекуваат антивоена?

Добивај вести на Viber

Кога ја освоија победата, предизвика голема бура од коментари...

Вчеравечер, Хрватска го избра својот претставник за „Евровизија“ кое ќе се одржи во мај во Ливерпул. На нивниот фестивал „Дора“ победата ја однесе групата „Лет 3“ со песната „Мама ШЧ“.


Кога на официјалниот Твитер профил на Евровизија беше објавено дека оваа песна ќе ја претставува Хрватска, обожавателите на натпреварувањето беа шокирани и бараа веднаш да бидат дисквалификувани.


„Веднаш дисквалификувајте ја Хрватска“, „Им посакувам нула поени на натпреварувањето“, „Што не е во ред со вас?“, „Ако ова отиде во финале, ќе бидам многу вознемирен“, „Дали Хрватска се обидува да си ги саботира шансите на натпреварувањето?“ - беа само некои од коментарите кои можат да се најдат под оригиналната објава.



Секако, имаше и такви на кои овој настап им се допадна, како и песната, па ги поддржаа хрватските претставници.

Како што се наведува во медиумите, „Лет 3“ е популарен бенд, кој многумина го опишуваат како бизарен, поради нивните екцесни перформанси.

На пример, на „Дора“ пристигнаа со трактор, на сцената носеа фустани и капи како дел од војничка униформа, а цело време во изјавите тврдеа дека нивната песна е антивоена.

Нивниот албум од 2005 година носеше назив „Бомбардирањето на Србија и Чачак“, поради кој привлече внимание, бидејќи песните не се слушаа премногу.

Знаеја да настапуваат во народни носии, да мастурбираат на сцена и да ги мерат големините на своите полови органи. Една година изведоа перформанс во кој симулираа колективно самоубиство со стрелање.

фото: Принтскрин / Јутјуб