Модел кој најдобро го прикрива стомакот и ги камуфлира сите маани: Нина Бадриќ има совршен едноделен костим за капење (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Нина Бадриќ решила малку да одмори, па избрала мало рибарско село во близина на Будва, каде се чувствува како дома.

Нина Бадриќ го замени хрватското приморје со црногорско и оттаму објави прекрасна фотографија во костим за капење, која на многу дами може да им послужи како идеја каков костим да носат за претстојниот летен одмор.

Пејачката уживаше во сите морски радости, ресторани, зајдисонца, но и фотографирајќи се во тие прекрасни пејсажи. За нејзината совршена фотографија Нина избра едноделен костим за капење кој одлично го покрива стомакот, доколку имате проблеми со него.
Благодарение на наборите кои ги има костимот за капење на Нина, во пределот на стомакот, совршено ќе им изгледа на жените кои сакаат да го покријат тој дел од телото, а сепак изгледа убаво и заносно.

View this post on Instagram

A post shared by (@badrich)


Бројни дизајнери ја потврдија оваа комбинација на Нина како идеална за камуфлажа, а дезенот и боите исто така можат многу да направат во овој поглед. Сè на сè, убавата Нина, секао е фантастична, секогаш изгледа неверојатно и плени со својот изглед.

Нина на ова додаде ефективни очила за сонце кои одлично се вклопуваат со нејзиниот костим за капење, но и со целата морска фотографија, па тоа е сè што ви треба на една плажа доколку сакате да постигнете максимален ефект.

извор: GLOSSY

Стил на неделата: Што носи Нина Бадриќ деновиве на Малдивите?