Модел на панталони кои ќе бидат најмодерни оваа пролет

Добивај вести на Viber

Оваа пролет, најмодерен ќе биде моделот на панталони со широки ногавици и со должина до над колена. Овој модел ќе биде „ин“ во сите бои и шари, така што нема да погрешите кој дезен и да го изберете.
Ви нудиме неколку идеи како да ги искомбинирате:

Црни плисирани панталони

Алтернатива за тесни панталони во канцеларија, успешно ќе го заменат и стандарното здолниште. Елегантно и ефикасно, изгледаат совршено во комбинација со бели маици, и безвременските црни високи потпетици. Додадете сако за поформален изглед.

Тексас

Апсолутен хит, микс од тренд на 90-тите години и стилот на бохо. Овие панталони ќе изгледаат одлично во комбинација со цветни блузи. Стајлингот може да се финишира со пролетни чизми и голема торба. Сепак, ова не е единствената опција! Можете исто така да ги носите во урбан стил - со вашата омилена маица и патики.

Карирани

Пепито ќе биде еден од најмодерните дизајни за сезоната пролет/лето 2020. Дизајнерите најавуваат брилијантно враќање на оваа класична шема. Во зависност од изборот со што ќе ги комбинирате, може да се одлични и за деловни состаноци, но и за поопуштени варијанти. Благодарение на широкиот пресек и графичкиот дизајн, тие визуелно прикриваат какви било несовршености во долниот дел од телото.

Со точки

Дезени со точки се секако „ин“ оваа сезона, ги има на фустани, здолништа, блузи… Овие панталони може да се носат со стилска блуза, јакна и високи потпетици, но и со спортски чевли, модерен принт и тексас јакна.