Моден Викенд Скопје: Продефилираа и познати личности, една директорка шармираше со стилот
Првиот ден од Моден Викенд Скопје 2024 започна со силна порака – модата не е тренд, туку моќна алатка за промена. Во срцето на Скопје, Културниот Центар Лабораториум се претвори во креативна сцена каде локалната традиција и глобалните иновации се сретнаа за да го отворат патот кон иднината на модата. Оваа 29-та сезона не беше само прослава на модната естетика, туку и на одржливоста како клучна компонента за трансформација на индустријата. Секоја изложба и секој дизајн беа дел од внимателно куриран дијалог за тоа како модата може да биде еколошки свесна и културно релевантна.
Најпрво, публиката имаше привилегија да ја посети изложбата „Fashion. Forever.“, курирана од Амбасадата на Шведска.
Во текот на вечерта, Џон Бела ја размрда атмосферата со својот музички настап, носејќи софистициран звук што ја освои публиката и ги постави основите за следните уметнички моменти.
Кулминацијата на вечерта се случи со модната ревија на DMWC „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“. Иницијативата е дел од проектот „Промовирање на женската иновација и креативност на пазарот“, спроведена со поддршка на Амбасадата на Република Словенија. Моделите ги носеа познати јавни личности од јавниот живот, меѓу кои беше и Мелита Гугуловска, Генерален директор на Сава осигурување АД Скопје.
Гугуловска на ревијата се појави во комбинација сочинета од свилена кошула во нуд боја со детаљ на цвет и елегантно сино лелеаво здолниште. Целата комбинација Гугуловска ја заокружи со чевли исто така во нуд боја. Вистинска дама на вистинско место.