Модна битка која се чекаше: Првата дама на САД и сопругата на идниот крал на Велика Британија за првата средба одбраа розови комбинации
фото:Profimediа
Првата средба меѓу сопругата на претседателот на Соединетите држави и сопругата на идниот крал на Велика Британија беше обележана со мала сличност.
Претставниците на најразвиените земји се среќаваат на Самитот Г7, што започна денес во Велика Британија, а модната јавност жали премногу што нема да имаме можност да ја видиме Меланија Трамп таму, бидејќи недостатокот на нејзини комбинации на облека кои секогаш предизвикуваа бура, фали, но сепак ќе бидат компензирани од две дами кои не сме ги виделе порано во исто друштво.
Тоа се Џил Бајден, сопругата на американскиот претседател Џо Бајден и Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ.
Двете се сретнаа на првиот ден од Самитот, кога го посетија основното училиште во Корнвол. Интересно, и двете одлучија во нивниот изглед да доминира розовата боја - Кејт Мидлтон носеше фустан во деловен стил, потпишан од Александар Меквин во интензивна розова боја, додека првата дама на Америка носеше бел фустан до колена и розова јакна.
Погледнете ги фотките и пишете ни која е подобро облечена според вас.
фото:PROFIMEDIA
извор:GLOSSY