(ФОТО) Модна икона: Стилските тајни на принцезата Дијана кои не сте ги забележале

Добивај вести на Viber

Познат ни е фактот дека принцезата Дијана беше и остана икона на стил, која беше наклонета кон „пуф“ ракавите, шик здолништа, како и кратка коса. Нејзиното чувство за мода е толку влијателно и далекусежно, па целосно е актуелно и денес. Дијана и понатаму е број 1 инспирација за жените ширум светот. Таа демонстрирала како треба да се облече една принцеза на бал, носејќи интересни креации на тогаш познатите дизајнери, како домашни, така и странски. 

Принцезата Дијана беше првата која го прекрши кралскиот протокол носејќи одело на странски креатор. Некои од нејзините најдобри стилски моменти, веројатно биле и оние на кои досега не се посветило внимание, посебно кај ситните детали,  кои биле засенети од нејзините костими и тоалети. Говориме за плавиот ајлајнер, накитот, пеперутка машна, но и други „ситници“, кои до кралскиот максимум придонеле во нејзините совршени комбинации.
  1. Наочари

Колку е познато дека принцезата не носела наочари за вид, но оваа фотографија говори дека носела…  Во име на модата!

  2. Хулахопки во боја 

Неприкосновената лејди била една од ретките дами која не носела само црни или браон хулахопки. Таа  и кај овој додаток внела боја. На фотографијата можете да видите како ги споила виолетовите хулахопки со интересен  сино - црвен капут.

  3. Различни ракавици 

Една свечена прилика, преубавата Д во совршен балски фустан и две различни бои на ракавици - црвена и црна. Каков шик, уште при првата прилика мора да  се проба. 

  4. Плав ајлајнер и маскара


Таа е и икона на убавина која користела едноставен трик. Маскара, ајлајнер или сенка во плава боја, единственото тројство кое совршено стоело на нејзините очи. 

  5. Пеперутка машна 

Се врзува за машки одела, бели кошули и изразено свечени прилики и прослави. Но, во нејзиниот случај пеперутка машната добива посебен тон, многу женствен и елегантен. 

  6. Бисери 

Нота на свечен изглед даваат бисерите. Во случајот на принцезата Дијана , тие висат надолу преку раменици. Детаљ кој кај голиот грб прави силен дамскиот ефект.