(ГАЛЕРИЈА) Свадбена бајка во Скопје: Романтична модна ноќ на невести

Добивај вести на Viber

Идните невести сношти, во скопскиот хотел „Мериот“ уживаа во уште една свадбена бајка. 

По седми пат, се одржа модната ревија на венчаници, настанот „The Bridal Fashion Night“, на која познати дизајнери ги презентираа најубавите венчални фустани. 

Гледавме богато шоу кое на моменти наликуваше на театар.  

Освен венчаници, на пистата прошетаа модели во свечени тоалети, и во долна облека со неизбежниот вел на главата. 

Беа прикажани уште многу други интересни детали кои се потребни за организирање на свадбениот ден. 

Своите колекции ги презентираа повеќе домашни дизајнери: Анна Бора Атеље, Минна Фешн, Marie Antoinette, Матронси JZJ by ZlatkoJovanovski-Couturier со колекцијата “JZJ THE GREAT” и Лисца. 

Настанот традиционално го организираше Моден викенд Скопје. (М.Џ.)

Меѓу гостите беше и актерот Дритон Вејсели, познат како Талат од серијата „Преспав“