Модни заповеди од Амал Клуни: Придржувајте се до нив и секогаш ќе изгледате како „милион долари“

Нејзините модни комбинации се за чиста десетка...

Амал Клуни се најде во центарот на вниманието стапувајќи во брак со Џорџ Клуни, и за кратко време стана пример за многу жени ширум светот. Таа е образована, амбициозна и успешна жена. Освен тоа, нејзиниот стил е беспрекорен. Таа многу добро ги знае сите модни правила и што е во тренд. Ова се 6 -те модни заповеди што сите жени треба да ги усвојат.

Кога станува збор за модата, Амал строго ги следи овие правила:

Правило 1: Секогаш бирајте фустани кои одговораат на обликот на вашето тело

Не водете се од трендовите, туку бирајте ја онаа облека што најмногу одговара на вашата градба. Амал сака да носи фустани и се чувствува најдобро во нив, но никогаш не би носела нешто по секоја цена само затоа што е во ИН.

Правило 2: Секогаш вклопете ги бојата на чевлите и фустаните

Таа скоро секогаш го почитува ова правило и вели дека на овој начин се минимизира можноста да се направат грешки. 

Правило 3: Инвестирајте во квалитетен капут

Амал е сигрна дека секоја жена во плакарот мора да има барем еден модел на добро скроен капут. Таа предлага да биде во светла боја, што ќе го направи секој стајлинг поинтересен.

Правило 4: Во некои прилики високите потпетици не се добар избор

Поголемиот дел од времето го поминува во судницата и е претежно во високи потпетици, но вели дека тие понекогаш не се најдобрата опција. Кога не е на суд, со задоволство се одлучува за рамни и удобни чевли. „Никогаш не носете високи потпетици по секоја цена. Жената може да изгледа одлично и во рамни чевли, а во некои случаи едноставно е несоодветно да се носат“.

Правило 5: Колку помалку, толку подобро

Таа сака аксесоари, но никогаш не претерува. Верува дека едно парче накит е доволно за да се комплетира секоја комбинација.

Правило 6: Големо ДА за посмели комбинации

Кога излегува, нејзиниот стил е малку посмел. Таа сака да ја покажува својата витка фигура, но со соодветна мерка. Вели дека нема ништо против пократки маици и фустани, се додека тоа не оди подалеку од пристојноста.