Модниот гигант H&M со прва продавница во Македонија: Еве ги деталите

Добивај вести на Viber

фото:printscreen/EPA

Светскиот познат бренд H&M на радост на многумина ќе отвори продавница во Македонија.

Отворањето го најави лично сопственикот на Ист Гејт мол, Арсим Папарнику, што значи дека шведскиот гигант ќе има продавница токму таму.




Oва го подврдија и од Ист Гејт Мол.

Имено, Шведскиот моден бренд H&M веќе работи на повеќе од 74 пазари.

Иако многу модни брендови го користат системот на франшиза за да ја прошират малопродажната мрежа на сите страни на светот, овој бизнис модел не е дел од целокупниот развоен план на шведскиот бренд H&M. 

Без разлика каде се наоѓаат, продавниците под овој бренд се во најголем дел во сопственост на матичната компанија H&M.