Моето дете го дадов на посвојување, затоа што го мразев: Ме нарекуваа „чудовиште“, но не знаеа вистински која сум јас

Добивај вести на Viber

Жена која го дала своето дете на посвојување вели дека тоа била најдобрата одлука што ја донела – но во очите на нејзината мајка била „чудовиште“.

Објаснила дека забременила кога ги сменила апчињата за контрацепција - и на почетокот сакала да абортира, но семејството и пријателите ја убедиле во спротивното, пренесува Мирор.

Говорејќи на Редит, анонимната жена напишала:

„Кога забременив, сè што сакав да направам беше да абортирам, никогаш не сакав да бидам мајка. Беше помеѓу менувањето апчиња за контрацепција, па користевме презерватив, но дел од мене сега се прашува дали тој го саботирал намерно. Отсекогаш мислев дека се договоривме за деца, но тој беше многу среќен кога му кажав дека сум бремена, се згрози што сакав да се ослободам од детето и на сите им кажа за мојот план и тоа беше најдобриот начин да ми предизвика вина“.

Таа се уверувала дека се ќе биде во ред бидејќи таткото на бебето ќе биде со неа, но еден месец пред раѓањето на нејзиниот син тој исчезнал.

„Постојано си велев дека се ќе биде во ред, тој беше тука да ми помогне, ова не мораше да ми го уништи животот. Можев да се вратам на факултет и да дипломирам. Ги читав сите објави на форумите за мајки и објавите на мајките на Reddit кои беа во моја позиција, зборуваа за тоа колку им било мило што не абортирале и биле толку среќни. Го сакале своето дете повеќе од било што.

„Најголемото каење во мојот живот. Ме остави еден месец пред породувањето. Тој заминиа. Немаше начин да го контактирам. Бев препуштена сама на себе. Беше предоцна за абортус. Ја пропуштив приликата да бидам слободна. Тоа ми го украде“, додала таа.

Кога почнала да размислува за посвојување, пријателите и семејството ја третирале како „чудовиште“, а таа рекла дека нејзината мајка била особено сурова.

„Ја направив втората најголема грешка. Попуштив втор пат и го задржав. Никогаш не ја доживеав таа поплава од љубов и емоции за кои зборуваат луѓето. Бев премногу неволна да го дојам. Сите ми велеа да му дадам шест месеци, понекогаш за тоа е потребно време, но дека ќе го сакам повеќе од било што. Тоа никогаш не се случи. Бев помизерна од било кога. Сите велеа дека е постпородилна депресија, па се задолжив да имам пари за доктори, терапија, лекови, се. Ништо не помогна. Тогаш ми рекоа да дадам си дадам една година, дека да се биде несреќен е нормално. Но не можам да ја замислам како нормална омразата за моето дете. Моето детство го поминав преправајќи се како се чувствувам и поминувам низ животот, а се уште го правам истото сега. „Мајка ми беше неверојатно сурова кога растев, па си реков, колку и да чувствувам апатија, никогаш не можев да дозволам тоа да му го пренесам. Најчесто се откачував и тонев подлабоко во менталната спирала“, објаснила таа.

Набргу по првиот роденден на нејзиниот син, таа беше решена да го даде на посвојување, велејќи дека повеќе не може да издржи. Беа потребни шест месеци за да се заврши процесот - а на околу 18 месеци момчето беше сместено во друго семејство.

„Тоа беше прв пат да се почувствувам слободна после толку време. Плачев и бев многу среќна, за моето семејство и пријателите тоа беше огромна тага. Не можев да го поднесам нивното злоставување. Смачено ми е да се преправам и не можам да дозволам да ме гледаат „тажна, млада мајка“ која мораше да се откаже од своето бебе затоа што луѓето едноставно не можат да ја прифатат идејата дека некои жени навистина не сакаат да бидат родители, без разлика колкав е притисокот. Сакам да одам на некое ново место со нови луѓе и да се ослободам од оваа болка и никогаш повеќе да не размислувам за ова. Бев толку наивна. Никогаш не требаше да дозволам некој да ме убеди дека работите ќе се сменат. Не требаше да се сомневам во себе“, заклучила таа во објавата.

Фото:Freepik.com
Извор: Zena.blic.rs