Каде и да си, најважно е заедно со семејството да си. Затоа што „цело е кога има сè“, а кога ги имаш своите најблиски до себе друго ништо не е важно.
Фолк-пејачката Татјана Лазаревска ја има таа среќа со нејзиното семејство, сопругот Новица и синовите Стефан и Петар да се заедно, да си бидат поддршка едни за други.
Таа објави семејна фотографија на која се гледа дека се навистина среќно семејство.
„Моето се, моето семејство“, напиша Татјана.
Синовите и сопругот се најголемото богатство за неа, а тоа досега многу пати го има изјавено, но и покажано преку фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм