Моите родители беа муслимани, нив не можев да ги бирам, но верата да: Овие пејачи се откажаа од исламот!

Промената на верата на нашите простори отсекогаш била под лупа на јавноста. Тешко е да се зборува за причините за ваквите одлуки, но повеќето од нив се од лична природа. Во оваа статија ќе ги разгледаме пејачите и поп-личностите од нашите простори кои се откажале од исламот:

Синан Сакиќ

Иако е роден како муслиман, еден од првите што го пронашол својот духовен мир е фолкерот Синан Сакиќ. Тој често одел во Индија со сопругата Сабина, како поради ќерката која студирала таму, така и поради желбата да ужива во нивниот начин на живот. Синан и Сабина се сретнале и со духовниот водач Саи Баба во Индија и останале во неговиот храм. Медитациите, вели тој, ги опуштaле и смирувале. Семејството Сакиќ првпат замина во Индија во 1996-ta година, кога нивниот син Ален се здоби со тешки изгореници. Тие тврдеа дека токму индискиот духовен водач многу им помогнал со овој проблем. Синан често велеше дека е многу заинтересиран за будизмот.

Амир Решиќ - Нино

Најпознатиот човек на естрадата, кој наводно двапати ја сменил верата, бил покојниот фолк пејач Амир Решиќ, попознат како Нино. Тој, наводно, преминал од ислам во христијанство во средината на 1990-тите и го зел името Никола. Тој, наводно, останал во православието до 2004-та година, кога се вратил во исламот. Нино почина во 2007-ма година.


Лепа Брена

Меѓу оние кои сменија вероисповед беше и Фахрета Живојиновиќ, надалеку позната како Лепа Брена, која го замени исламот со православието и на крштевањето го доби името Јелена. Лепа Брена никогаш не сакаше да коментира која е причината за овој чекор, но се придржуваше до сите православни правила и заедно со семејството го слави Светиот Архангел Михаил.

Сека Алексиќ

Сека Алексиќ е дете од мешан брак. Родена во комунистичко семејство во Зворник. Нејзиниот татко православен атеист Милорад се оженил со муслиманка Ибрима. Тие на свет донеле две ќерки - Сека и Ајсела. За време на војната во 1990-тите, Сека замина во Србија, а Ајсела во Тузла. И двајцата двете се насочуваат кон музиката, но Сека беше поамбициозна. Сека Алексиќ денеска не крие дека е горда што е православна.


Нада Топчагиќ

Нада Топчагиќ потекнува од муслиманско семејство од Модриќ.

- Тогашниот оџа не ми дозволи да го погребам татко ми како што сакам, туку под нивни услови и цени. Не знам ни каде е татко ми, погребан, се ориентирав порано по едни четири сливи, кои денес ги нема, никогаш не го сменив името, кога се родив, во селото имаше само три-четири по име Нада. Моите родители беа муслимани, но родителите не можев да ги бирам, верата ја избрав сама - изјави Нада.


Индира Радиќ

Индира Радиќ, дете од босански мешан брак, родена во Добој, исто така ја промени вера. Таа денес е горда православна жена, а ја сними и песната „Srpkinja je mene majka rodila“.


Извор: stil.kurir.rs