Има необично име и досега вешто ја криеше од јавноста: Ова е мајката на Сека Алексиќ (ФОТО)

Пејачката е многу врзана за мајка си која често ја посетува.

Фолк ѕвездата ретко ги покажува членовите на семејството во јавноста, па многумина не знаат како изгледа нејзината мајка Ибрима.

Сека Алексиќ за една од најубавите жени на српската јавна сцена, а убавината, како што велат многумина, ја наследила од нејзината мајка Ибрима. Пејачката е многу врзана за мајка си која често ја посетува. Ибри во последните години најмногу се радува на моментите кои ги поминува со внуците.


За тоа говори и фотографијата која пејачката ја објави пред неколку години непосредно по раѓањето на нејзиниот син, а на која мајка ѝ го држи внукот во раце.

Сека е позната по тоа што е хумана и сака да им помага на луѓето, а токму на тоа ја научила нејзината мајка и често заедно учествуваат во хуманитарни акции.

Сека често во јавноста истакнуваше дека тешко живеела како дете, бидејќи пораснала во сиромаштија, но дека нејзината мајка се борела да ѝ обезбеди што повеќе, а сега се труди да се погрижи на мајка ѝ да не ѝ недостасува ништо во животот.

- Почнав да настапувам на многу млада возраст за да и помогнам на мајка ми да се извлече од тешкиот живот во кој западнавме поради војната. Таа и брат ми доаѓаа на секој мој настап. Имаше и тогаш, како и денес, пијани гости и агресивни луѓе, но најблиските беа со мене и ме чуваа - изјави Сека во интервјуто и откри дека завршила фризерско училиште по убедувањето на нејзината мајка.


Иако денес живеат удобно и без финансиски потешкотии, Сека Алексиќ и нејзината мајка не заборавиле што значи да се „нема“. 

„Драга моја мајка, моја убавица и мојот ангел“, често вели Сека на фотографии на кои е со жената која е нејзин пример.


Извор:www.espreso.co.rs