Мојата конструкција е позаоблена, ко во песната „Кило доле- кило горе“: Адријана Алачки за килограмите

Пејачката, автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ и претседател на здружението „Гастромак“ , Адријана Алачки е една од најнегуваните жени од јавниот живот. Вели дека најдобрата природна терапија ѝ се децата и внуката, кои ѝ ги создале сите брчки, но за неа се и терапија против стареење.

- Немам ботокс, хиалурон, филери. Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања, верувајте, од глетката се чувствувам страшно. Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го работи лицето- открива Алачки.

Одржувањето на линијата и справувањето со килограмите за неа се тешка работа.

 - Сега, како претседател на Гастромак и автор и водител на “Вкусот на традицијата“ сум постојано со најубавата и највкусната храна на светот, но сепак сум задоволна. Мојата конструкција е од секогаш позаоблена, но како велат во песната, „Кило доле- кило горе“. Ја активирам протеинската диета, „Силуете“ третманите и пешачење- раскажува Андријана.