Мојата професија

Добивај вести на Viber

  Се туширав и плачев. Сите бигори кои ми беа собрани во душата, едноставно експлодираа во мене и сакав со плачење и со туширање да излезат од мене.

  Иднината ми беше несигурна, не ја гледав ни во Стив ни во Габриел. Се прави ли куќа без темел? Мојот избор е чуден. Да избирам помеѓу двајца кои не се во ред, едноставно не се за мене. А во моментов кого да одберам? Кого? Дали Стив кој сè уште гази по жив песок, на кој му следи долга рехабилитација, судење и уште што ли ќе излезе од тоа судење? Или дали пред Габриел ќе успеам да го докажам својот манекенски талент?

  Изгледа на крајот ќе оставам сè и ќе си заминам дома кај моите. Ќе јадам леб и сол, но знам дека ќе бидам на сигурно место, во моето птичјо гнездо, нема ни тие да патат по мене, ни јас по нив и нема да се чувствувам како туѓинка.

  Се отвори вратата од бањата. Влезе Габриел и кога ме виде се уплаши и викна: „Вики, што ти е? Лицето ти е отечено“. Се сепнав, се вратив во реалноста и му одговорив: „Сега ќе дојдам, те молам, веднаш излези“. Во меѓувреме, Габриел веднаш повика послуга, ми донесоа лед и го ставив на лицето. Отокот малку спадна и му реков на Габриел: „Се облекувам и одиме на проба. Не сакам многу да доцнам. Попладне или приквечер ќе разговараме“.

  За брзо време излеговме. По пат Габриел разговараше по телефон. Пристигнавме во студиото. Кога влеговме вриеше како во кошница. Беше вклучена голема машинерија за модната ревија и сите брзо работеа, кој мереше, кој шиеше, кој преправаше, кој шминкаше, кој фризираше. Работеа сите како да сè на погон. Едно е манекенка на модна ревија каде што владее гламурот и сè е беспрекорно, а овде во студио е многу макотрпно и исцрпувачки, каде што се бара многу труд за да се извлече совршенство.

  Две манекенки паднале од скали и им течеше крв од нивните колена. Штиклите им биле неудобни, наметките им биле предолги и им ги скратуваа.

  Мајкл фотографот ме виде и ме избакна велејќи: „Ајде, облечи се да те сликам, убавице. Не, реков кога ќе одиме да снимам реклама за долна облека ќе дојдеш со нас. Сакам таму да ме сликаш“. Двете манекенки кои нè видоа со Габриел во сауната се појавија облечени во кратки здолништа и со длабоко деколтеа, една со шешир, а друга без шешир. Мајкл им дофрли: „Аууу, Роуз и Катрин многу сте секси“. Тие се смееја како и секогаш подмолно, перфидно, безобразно.

  Ми се врати расположението. Во студиото се подготвувам за модна ревија и срцето ми е на место. Ова е мој свет, ова е исполнување на сонот, се чувствував овде дека припаѓам. Ме шминкаа, ми правеа фризура, па повторно друга фризура, ме облекуваа. Јас се чувствував како принцеза. Проба, вежбање на примамливо одење, чекорење по писта, по скали. Ова е голема одговорност каде што се качува адреналинот.

Бев од синоќа изморена, но не попуштав. Мора да делувам дека сум одморена и дека сè е во ред бидејќи ако се збунам постои можност да паднам правејќи погрешен чекор баш на модната ревија, и да внимавам да не ме згазне некој. Ако се пронајдов себе си, сакав сите мои обврски да ги завршам со најголем професионализам и ентузијазам.

Манекенската професија ако некој нема страст и копнеж не може да ја сака и да ја работи оваа работа. Голем труд се вложува во оваа професија и мора да се исплати. Додека работеа на мене сите беа задоволни. Јас за сите промени што ги правеа кај мене имав позитивен коментар. Целата моја енергија беше насочена кон збиднувањата околу мене и им се смешкав на цела екипа што беше собрана околу мене и секоја нивна промена врз мене ја одоброволував. На писта умеев да доминирам како да сум сама, не ме интересираше ништо друго.

  Габриел го немав видено, како вчера, на крај од денот се појави. Ние во тој момент го вежбавме првиот дел од ревијата. Кога ме виде очигледно беше задоволен и ми климна со очи. Беа присутни и претставници од брендовите што ќе ги рекламираме. Тие беа задоволни од моето однесување на сцена и од мојот изглед. Со оглед на тоа што оваа беше многу скапа ревија се приближија кон Габриел и разговараа со него. На микрофон се јави еден од режисерите и им кажа на манекенките дека не се задоволни од некои од нас, и најверојатно утре ќе има замена.

   Завршивме и тргнавме во хотелот, но Габриел закажал ручек во еден убав ресторан. Јадевме, на крај се напивме и кафе и заминавме во хотелот. Стигнавме и се истуширавме.

Се облеков во ноќница и седнав да гледам телевизија. Дојде Габриел седна до мене на каучот и гледавме телевизија. Веќе почнав да дремам.: Габриел почна да ме бакнува, лесно, природно и ми кажа „Многу убаво мирисаш Вики“. Со рацете полека ми ги пипаше градите, па моите дојки и ги милуваше. „Изморени сме, но морам да се насладам од твоето миризливо тело“, ми кажа тивко. Ме дигна во раце и ме однесе во спалната соба. Леле, колку ми импонираше овој негов гест. Се радував како мало дете, го заборавив за миг уморот кој ме надвладеал, се чувствував како пеперутка.

  Ме легна на спалната, ми ја соблече ноќницата и останав во бели чипкасти танга-гаќички. Бела и црвена ми беше омилена боја на танга-гаќички. Почнав да се тресам од задоволство. Почна да ми ги цица ножните прсти. Многу чуден ми беше Габриел. Покрај толку жени, тој немаше големо искуство во сексот или не сакаше да има, и сè му беше интересно а со мене се однесуваше со многу љубов, нежност, задоволство, всушност, како секој обичен човек, а не важна личност од шоу-бизнисот.

  Целата ме бакнуваше и со јазикот ме лижеше. Од допирот на неговиот јазик ми се ежеше цел стомак. Кога дојде до мојата врело меѓуножје, почнав да се издишувам длабоко. Го зедов неговиот кур, го галев, го бакнував и тој сè повеќе растеше под моите раце и го забив длабоко во мене. Тој почна да се ниша горе-долу, влегуваше и излегуваше во мене. Ме исполнуваше целата до крај и ми предизвикуваше некое убаво несекојдневно задоволство.

Во еден момент, тој застана и го почувствував неговото пулсирање и врелината на неговиот кур кој испушташе сокови, кои тотално ме возбудуваа. Почнав да врескам и Габриел почна силно, скоро дивјачки, да влегува и да излегува во мене. Нашите препотени тела се испреплетија. Свршивме заедно со големи воздишки. Ме прегрна уште повеќе. Заспавме опиени од нашиот заеднички мирис на парфем, пот и телесни сокови.

ТУЃИНКА