Мојата судбина е проклета, траумите се длабоки: Милена Радуловиќ призна како се решила да признае дека била силувана
Актерката тајната дека била сексуално нападната ја криела дури и од своите родители, а кога сфатила дека мора да им помогне и на останатите девојки што го поминале истото што и таа, следуваше јавно признание.
Актерката Милена Радуловиќ го обвини наставникот по глума Мирослав Мика Алексиќ дека ја силувал кога имала само 17 години, а сексуалното злоставување продолжило и една година подоцна. За сето она што го поминала и со какви осуди се соочувала во претходната година, Радуловиќ конечно се реши да проговори. Освен тоа, таа откри и колку ѝ било тешко да молчи за сето ова и колку родителите ѝ помогнале да ја надмине болката.
„Тешко е да се зборува на оваа тема, бидејќи тоа не е нешто на што вашите родители ве предупредуваат, ова се случува од страна на многу блиска личност, а тоа може да бидат и најблиските членови на семејството. Злоставувачите тоа го подготвуваат, бидејќи се свесни што ќе направат и потоа е многу тешко да сфатиме колку е тоа страшно. Пострашно е да се соочиш со ова отколку со некој манијак кој ќе ти излета од некаде и ќе те нападне. Општеството беше суштински подготвено за оваа тема, што е нешто што многу ме израдува. Јас собрав храброст да го раскажам сето тоа со помош на психотерапија, бидејќи човекот мора да си го признае проблемот на себе и да се соочи со тоа. Затоа е важно сите да сфатат дека мораат да работат со стручни лица. Дојдов до таа фаза кога работите не ме повредуваа... Луѓето кога зборуваат нешто негативно мислам дека тоа го зборуваат од незнаење, бидејќи на тоа гледаат како на нешто што мора да се случи, како и ние сега. Мене психологот ми кажа да донесам фотографија од тој период за да сфатам дека тоа не е оваа личност која сега живее.“
Бидејќи сето ова со години го криела и премолчувала, актерката откри и како се решила овој проблем да го сподели најпрво со семејството, а потоа и со целиот свет.
„Јас сум тип што со родителите зборува за сѐ. Многу е тешко да се дефинира тоа во една реченица, тоа се разни фази, можам да кажам зошто тие не го забележаа тоа. Тоа беше така бидејќи сѐ се случуваше во тој тинејџерски период во кој кога ќе ти се појави мозолче правиш драма, на другарка ти ѝ е не знам што, татко ти не сака да ти купи високи потпетици... Тогаш мислев дека сум единствената личност на светот на која ѝ се случува ова, никогаш не гледав филм за тоа, не слушав некој да зборува за тоа, никој не ме предупреди на тоа и навистина имав чувство дека тоа е некоја моја проклета судбина, некој тежок пекол кој ми се случил. Кога ќе помине тој централен дел пред сѐ мислиш дека татко ти ќе го убие, а не би сакала татко ти да заврши во затвор, а секој татко е во тој филм. Тоа не мојот личен случај, но тоа се модели на однесување кои се општо позанти кога се зборува за некој проблем. Доколку не кажеш во тој момент кога тоа се случува, туку помине половина година, година, ќе се уловиш како размислуваш: 'Па мене никој од ова нема да ме извлече, тоа сѐ случи и заврши, а како ќе живеат сега моите родители?'. Во смисла каков е тој товар кој ќе го префрлиш и засекогаш ќе ги унесреќиш мајка ти и татко ти, тие никогаш нема да го преболат тоа.“
Оној момент кога сфатила дека не е единствена која ја преживеала оваа траума и дека нејзиниот случај ќе помогне во расветлување на останатите случаи, Радуловиќ им признала на своите родители што се случило додека го посетувала училиштето на Мика Алексиќ.
„На родителите им кажав кога дефинитивно сфатив дека морам нешто да направам, дека поминало времето на моето самолекување и дека веќе одредено време се обидувам да ги охрабрам другите девојки, кои се помлади од мене и не ја поминале таа фаза, а воедно е тешко да им се сервира нешто. Просечното молчење на жртвите трае и по 15 години и жените започнуваат да се борат со тоа кога, на пример, ќе родат женско дете... Многу доцна доаѓаат тие процеси затоа што тие трауми се толку длабоко во личноста и траат. Сега сите добивме шанса да го промениме светот барем малку, за твојата ќерка, мојата, за сите ќерки“ - раскажа актерката во една ТВ емисија.